На напаѓачот на Тодоров му се слоши во судот, интервенираше Брза Помош



Набрзо штом велешанецот Љупчо С. беше донесен во Кривичниот суд, каде што треба да даде исказ пред судија на претходна постапка, поради нападот врз ексминистерот Никола Тодоров, му се слошило, по што интервенираше Брза Помош, објави телевизија Телма.

Засега нема информации каква е здравствената состојба на осомничениот дедо на Тамара, девојчето кое почина додека чекаше операција во странство.

Од обвинителството утринава соопштија дека го гонат за обид за убиство на Тодоров, а јавен обвинител побара да му биде изречена мерка притвор.

No comments

Powered by Blogger.