Футрола за телефон што ќе ви направи кафе

Досега се измислени футроли за заштита на смартфоните со различен облик, боја и материјали, но футролата Mokase ќе ви направи и кафе.



Оваа футрола може да направи 25 мл еспресо загреано на температура од 50 и 60 степени Целзиусови. Така, каде и да се наоѓате, може да ја задоволите вашата дневна потреба за кофеин.

Футролата Mokase функционира така што во неа се става еден еспресо филтер што за пет до осум секунди се загрева со помош на батеријата што се наоѓа во футролата.



На врвот на футролата има мала цевка изработена од алуминиум и силикон што го поддржува исфрлањето на топлото кафе без да се ослободат токсини.

Батеријата на футролата се полни со стандарден USB кабел, како и секоја батерија на смартфон.



Mokase одговара на смартфони како Apple, Samsung, Huawei и LG, a чини околу 54 долари.

Со футролата следи и специјална чаша на склопување во која може да си го послужите кафето.

No comments

Powered by Blogger.