Во кои држави уште се казнува одрекувањето од религијата?

Меѓународната хуманистичка и етичка унија го објави годишниот извештај за слобода на мислење во светот во кој се опфатени државите во кои одрекувањето од религијата е казниво со смрт.



Смртната казна по ова обвинение се применува во 13 земји.

Во Авганистан, Иран, Малезија, Малдиви, Мавританија, Нигерија, Пакистан, катар, Саудиска Арабија, Сомалија, Судан, Обединетите Арапски Емирати и во Јемен може да бидете погубени поради вашите верски убедувања.

Сите овие држави, освен Пакистан, дозволуваат смртна казна за одрекување од исламот (апостазија), додека во Пакистан следува смртна казна и за бохохулење и за атеизам.

За разлика од нив, во Јамајка, Уругвај, Јапонија, Тајван и во Белгија има најголема слобода на мислење по прашање на верата и се оценети со 1.

No comments

Powered by Blogger.