Премиерот Заев во Брисел на средби со врвот на ЕУ

Премиерот Зоран Заев денеска ќе престојува во прва официјална посета на Брисел, каде ќе се сретне со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, високата претставничка за заедничка надворешна и безбедносна политика на ЕУ и потпретседателот на ЕК, Федерика Могерини, со комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување Јоханес Хан, како и со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.



„Целта на првата посета на Брисел по преземањето на должноста е Владата да ја потврди својата целосна посветеност на интеграциите во ЕУ и НАТО, како стратешка цел на земјата и да ги прзентира реформските приоритети во владината агенда за враќање на државата на патот на европските интеграции“, соопшти службата за информирање на Владата.

Заев ќе биде придружуван од вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шеќеринска, вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров.

No comments

Powered by Blogger.