Кога недостатоците ќе станат предност: Необични модели кои го освоија модниот свет



Иако стандардните критериуми за убавина подразбираат висина, виткост и убаво лице, модниот свет сè почесто ги отвора своите врати и за поинаквите, единствени жени.

Вини Харлоу има витилиго (состојба која предизвикува депигментација на делови на кожата) и поради тоа била често задевана како девојче. Но, по нејзиното учество на America’s Next Top Model, сè се променило. Вини започнала да ги освојува модните писти и да се појавува во музички спотови и на насловните страници на многу модни списанија.



Диандра Форест е албино девојка со афро-американско потекло, која пораснала во сиромашна фамилија во Бронкс. Таа, исто така имала тешко детство, бидејќи нејзините врсници честопати ја исмевале, мислејќи дека е посвоена. Нејзиниот живот се променил откако била забележана на улица од страна на познатиот фотограф Шамир Хан.



Џилијан Меркадо страда од мускулна дистрофија поради која е во инвалидска количка. Таа отсекогаш се интересирала за модата и поради тоа одлучила да отвори блог, кој веднаш станал популарен. Набрзо потоа, Џилијан стигнала до првите редови на модните ревии, а потоа и започнала да се занимава со фотографија.



Тес Холидеј отсекогаш сонувала за тоа да стане модел, но секогаш ѝ зборувале како тоа не е возможно поради нејзиниот вишок килограми. Меѓутоа, Тес докажала дека соновите можат да се остварат доколку верувате во нив и сега работи како модел кој зад себе има фотосесија за насловната страница на Вог.



Амазон Ив е највисокиот модел на светот - нејзината висина изнесува 2,03 метри. Пред да ја започне својата кариера како модел, Ив активно се бавела со спорт и работела како спортски тренер. Нејзината популарност ја стекнала по појавувањето на насловната страница на списанието Australian Zoo Weekly, како и по телевизиската серија American Horror Story.



Дафне Селф започнала да позира за Вог, Харперс Базар и Венити Фер кога имала само 20 години. Иако таа денес има 88 година, нејзината популарност не е ништо помала од претходно бидејќи Дафне сè уште е активна во модната индустрија.



Поради медицинска невнимателност во текот на раѓањето, Викторија Модеста добила силна дислокација на левата нога. По тоа, таа имала 15 неуспешни операции кои завршиле со ампутација. Денес, таа е популарна пејачка и важи за еден од најпознатите нестандардни модели.



Мелани Гајдос е родена со ретко генетско пореметување кое се нарекува ектодермална дисплазија. Ова пореметување го спречува развојот на коскените и рскавичните ткива, но тоа не ја спречило Мелани да го освои модниот свет и да стане еден од најнеобичните модели на сите времиња.

No comments

Powered by Blogger.