Не го препознале: Арнолд Шварценегер им приредил изненадување на туристите

Пишува: Точка

„Некој странец во кратки пантолони и со очила за сонце на лицето застана пред нас додека позиравме за фотографија. Си помислив: ’Зошто е толку некултурен?’“, раскажала туристката од Тајланд.

Еден од омилените холивудски актери, Арнолд Шварценегер (69), одлучил да им упадне во фотографијата на туристи од Тајланд кои сакале да ја овековечат својата посета во Париз, позирајќи пред Ајфеловата кула.



Арнолд се возел со велосипед низ градот, кога забележал голема група на туристи кои чекале фотографот да ги слика, па застанал директно пред него и им ја „уништил“ фотографијата.

„Мислев дека тоа е некој непристоен Американец. Но, потоа дојде до нас и ни рече: ’Ви благодарам што ми дозволивте да се уфрлам во вашата фотографија’, а потоа замина“, раскажал еден од туристите кои патувал со групата.



Подоцна, еден од неговата група го препознал актерот и го повикал неговото име, но било предоцна.

Поранешниот калифорниски гувернер ја објавил фотографијата од „инцидентот“ на Инстаграм, а на сите им препорачал да се возат со велосипед во Париз, ако сакаат навистина да го доживеат градот.



Шварценегер бил во Франција за да го прими претседателскиот медал Chevalier de la Legion d'Honneur. Медалот му го доделил францускиот претседател Франсоа Оланд.

No comments

Powered by Blogger.