Сестрата на бомбашот од Манчестер ја откри морничавата вистина: Еве зошто го извел терористичкиот напад

Пишува: Точка

Сестрата на бомбашот од Манчестер Салман Абеди го откри неговиот мотив за изведувањето на терористичкиот напад во кој загинаа 22 лица.

18-годишната Џомана Абеди проговори откако нејзиниот 22-годишен брат уби 22 лица во самоубиствениот напад на концертот на Аријана Гранде во Манчестер Арената во понеделникот.

Таа открила дека верува дека Салман сакал да се одмазди за смртта на муслиманските деца на Блискиот исток. Користејќи ја оваа бизарна логика, Салман според изјавата на неговата сестра, го извел нападот. Тој бил гневен поради „експлозивот кој Америка го фрла на децата во Сирија“.

Поради тоа, исламскиот екстремист Салман Абеди кој инаку бил роден во Велика Британија, одлучил да се разнесе меѓу британските тинејџери од кои неговата најмлада жртва имаше само осум години.


Како што пренесуваат британските медиуми, Џомана рекла: „Мислам дека виде дека децата, муслиманските деца умираат насекаде и тој сакаше да се одмазди“, и без да го осуди својот брат, таа додаде: „Што и да мислел, тоа е само меѓу него и Бог“.

Но, еден од другарите на Абеди, мисли дека друга е причината за терористичкиот напад. Неименуван негов другар открил дека терористичкиот напад бил одмазда за убиството на еден пријател на Салман во Манчестер минатата година.
Абдул Вахаб Хафидах бил прегазен и потоа избоден со нож во пресметка на банди. Салман наводно мислел дека неговиот пријател бил убиен во расистички напад и ветил дека ќе се одмазди за тоа на погребот на неговиот пријател. Таткото на Салман, Рамазан потврди дека неговиот син го познавал Хафидах, но негирал дека тоа довело до тоа да го изврши терористичкиот напад.

Тој изјавил: „Да, неговиот пријател беше убиен од страна на една банда во Манчестер, но тоа не значи дека го извел нападот поради нив“. Меѓу другото, таткото на бомбашот од Манчестер кој е уапсен во Либија исто така изјавил дека неговиот син не го извел нападот и тврди дека е невин.

No comments

Powered by Blogger.