Бред Пит во пародија за Трамп: Нема иднина!

Stay classy: Brad Pitt, 53, made a cameo on Tuesday's debut edition of The Jim Jefferies Show on Comedy Central, participating in a bit on climate change 

Откако американскиот претседател Доналд Трамп ја повлече земјата од Парискиот договор за климатски промени, одлуката наиде на жестоки критики во јавноста, но и многу креативни шеги на негова сметка.

Бред Пит е првиот од славните личности кои се шегуваа со одлуката на претседателот. Во емисијата на комичарот Џим Џефрис тој се појави во улога на метеоролог и објанси што може да очекуваме по ваквата одлука.

Застанат пред картата на светот на која сѐ беше обоено црвено, Пит покажува насекаде и објаснува дека ќе станува сѐ потопло и потопло.

На прашањето на водителот Џефрис за прогнозата за иднината, тој одговара: „Нема иднина!“.

No comments

Powered by Blogger.