Нуклеарна војна, распад на Европа или нешто трето: Што ќе се случи?

Пишува: Точка

Oние кои ги следат случувањата во светот знаат дека напнатоста помеѓу САД и Северна Кореа од ден на ден станува се појака и целокупната светска јавност е во страв од тоа како ќе завршат нивните вербални престелки.

Од друга страна, во фокус е и вториот круг на претседателски избори во Франција, кој може да ја одреди судбината не само на Франција, туку и на Европската Унија.

Дали не очекуваат нови вооружени конфликти, или пак евентуално одделување на Франција од Европската Унија, ни преостанува да видиме.

Можеби не сме свесни за тоа, но вестите како што се овие кои ги слушаме и читаме секој ден, во голема мера влијаат на вредноста на националните валути во тие земји како и производите на светскиот пазар.

• Така на пример во денот кој следеше по првиот круг на изборите во Франција еврото порасна 2% и достигна највисока вредност во последните пет месеци во однос на доларот. Заедничката европска валута исто така зајакна во однос на британската фунта околу 1,5% и на јапонскиот јен околу 2%.

• Од друга страна тензиите помеѓу САД и Северна Кореја влијаат на зголемување на вложувањето во сигурни инвестиции како што е златото, кое на средината на април достигна 1295 долари за унца, што е максимум за оваа година токму како реакција на геополитичките случувања. Истовремено јапонскиот достигна петмесечен максимум.

Дали знаете дека голем број на наши сограѓани ги користат овие промени во вредноста на валутите и стоките на светската берза, за да остварат потенцијална заработка на разликата во цените? Се прашувате како?



Секоја битна вест која што ќе одекне во светот, влијае врз вредноста на валутата на таа земја. Исто така, доколку државата на пример е производител на нафта, вестите од таа земја ќе влијаат врз цената на нафтата на пазарот. Тоа правило важи за било кој производ по чие производство е позната таа земја.

Ако веста што е објавена е позитивна, таа најчесто позитивно влијае на вредноста на таа валута или производ, и обратно. Тогаш учесниците на светската берза ја купуваат таа валута или тој производ (доколку е веста позитивна) или ја продаваат (доколку е веста негативна). Бидејќи на светската берза не се тргува со физички валути или производи, туку со нивните цени (т.н. CFD), можно е да се влезе во купување или продажба во секој момент, на предвидувачка основа дали вредноста ќе расте или ќе паѓа.

No comments

Powered by Blogger.