Во болницата „Аџибадем Систина“ денеска за првпат во Македонија маж ќе стане жена

Пишува: МКД.мк

Хирургот Мирослав Ѓорѓевиќ, кој раководи со Центарот за генитална хирургија во Белград, денеска во клиничката болница „Аџибадем Систина" во Скопје ќе изврши операција и ќе го смени полот на маж кој ќе стане жена. Во Македонија ваква операција ќе се изведе за првпат, како дел од симпозиумот за генито-реконструктивна хирургија што од 1-3 јуни се одржува во оваа болница.


Лекарите кои ќе присуствуваат на симпозиумот ќе ја гледаат целата операција на видео-бим во амфитеатарот на клиниката.

Хирургот Ѓорѓевиќ раководи и со Центарот за генитална хирургија во Белград и до сега направил повеќе од 1.500 операции за промена на полот.

Д-р Ѓорѓевиќ е стручен соработник во врвни медицински центри во светот.

No comments

Powered by Blogger.