Груевски ги обвини родителите за смртта на малата Тамара



Никола Груевски, првиот опозиционер во државата во интервју на телевизија „Алфа“ индиректно ги обвини родителите на почината Тамара Димовска од Велес за нејзината смрт, тврдејќи дека девојчето било болно од бронхопневмонија, но не била однесена на лекар и не била третирана соодветно.

– Во времето на смртта на Тамара, како претседател на Владата направив сопствена истрага. Од она што го добив на крајот испадна дека девојчето починало од бронхопневмонија, а не од болеста од која беше оперирана. Тоа чекаше операција за друга болест. Девојчето со бронхопневмонијата не било третирано соодветно, не било на лекар. Според информациите кои тогаш ги добив, тоа било лекувано со домашни лекови и за жал починало. Потоа Тодоров беше обвинет дека е виновен за смртта. Тоа беше направено со политичка цел, а не за девојчето, за жал – изјави Груевски.

No comments

Powered by Blogger.