“Како е да се отиде во кревет гладен”: Видео за момчето кое го растажи светот

 Пишува: Точка

Норвешкото видео кое има за цел да ги освести луѓето дека секаде околу нас, па дури и во една развиена земја како Норвешка, постојат сиромашни деца кои немаат што да јадат.

Откако е објавено на Фејсбук, ова видео е прегледано преку повеќе од 40 милиони пати. Видеото од 60 секунди прикажува ученици во едно основно училиште, кои на својот голем одмор ги вадат своите кутии со ужинките, а едно дете тажно гледа во својата кутија во која нема ништо. Детето ја замолува учителката накратко да излезе од училницата, а кога ќе се врати, него го дочекува изненадување.

“Решението е често поблиску отколку што мислите” е пораката на видеото кое уште еднаш нè потсетува колку е важно да се грижиме за другите луѓе, посебно децата кои се во наша околина, а кои можеби немаат оброк, облека или играчки во животот.

“Имав навика да му испраќам сендвич повеќе на мојот син кој забележал дека некое момче од неговиот клас ретко имал што да јаде. На детето му било незгодно кога му бил понуден сендвичот, но мојот син му рекол: Мојата мајка ќе се налути ако не го изедам сиот ручек, а јас не можам да изедам сè. Можеш ли да ми помогнеш? Зошто да не?”, вели еден од коментарите.

“Доколку некој од моите ученици заборави да си донесе ручек, јас само велам “Би сакал ли некој да го подели својот ручек со другарчето? Тој го заборавил својот оброк денеска”. Секогаш спремно ги делат оброците. Сакам да гледам такво делење и грижа за другите”.

“Ова е прекрасна порака, која мене ми е многу блиска. Јас имав вакво детство. Во одредени моменти, толку бевме сиромашни што понекогаш единствениот оброк во денот ми беше ручекот на училиште. Ги мразев летните распусти бидејќи секогаш се плашев дали ќе имаме доволно за јадење. Искрено, тоа е причината зошто работам напорно – за моите деца никогаш да не дознаат како е да се отиде во кревет гладен”, вели еден од најтрогателните коментари на видеото.

Во продолжение, погледнете го видеото кое го растажи светот:

No comments

Powered by Blogger.