“Лежечки полицаец” кој Ве наградува доколку не возите брзо

Пишува: Точка

Многу совесни возачи се жалат дека „лежечките полицајци“ ги дискриминираат – иако тие го почитуваат ограничувањето на брзината, сепак мора да забават и речиси да го запрат автомобилот, со цел полесно да поминат преку препреката на патот.

Можеби решението е во „лежечки полицаец“ кој прави селекција меѓу возачите, “казнувајќи” ги несовесните, а наградувајќи ги оние кои ги почитуваат сообраќајните правила.

„Лежечките полицајци“ најчесто се поставуваат во близина на училиштата и градинките, но и во други, претежно помали улички каде што сообраќајот се одвива премногу брзо, со цел да се заштитат пешаците.

Како средство за спречување на сообраќајни несреќи – во кои може да страдаат и деца, но и останатите пешаци – не е идеално, бидејќи освен несовесните возачи кои ги игнорираат сообраќајните знаци и предупредувања дека се наоѓаат во зона на училишта и градинки, се „казнуваат“ и дисциплинираните возачи кои забавуваат и возат во рамките на дозволената брзина.



Поради тоа, во Мексико е направен паметен „лежечки полицаец“, која се подигнува само кога кон него наидува автомобил кој се движи побрзо од дозволеното. Системот се состои од камера која ја мери брзината на возилата и метална бариера која е слична на обичните „лежечки полицајци“, но чија основна позиција е на исто ниво со коловозот.

Доколку камерата регистрира дека возилото се движи побрзо отколку што е дозволено, пречката се издигнува од патот и несовесниот возач е принуден да забави. Во спротивно, доколку автомобилот се движи во границите на дозволената брзина, “лежечкиот полицаец”останува неактивен, така што возачите кои возат во согласност со прописите можат непречено да продолжат понатаму, без забавување.

Во продолжение, погледнете како функционира овој систем:

No comments

Powered by Blogger.