"Кучката е мртва": Ќерка ја убила мајката која ја терала цел живот да глуми инвалид

Пишува: Точка

Случајот со Џипси Роуз Бланчард, која ја избодела својата мајка до смрт бидејќи целиот живот ја принудувала да глуми инвалид во количка, ќе биде главна тема на нов документарен филм, пишува "Independent".

24-годишната Џипси Роуз Бланчард, минатата година на суд во Висконсин ја признала вината за убиство на својата 48-годишна мајка Ди Ди во јуни 2015. година.
Таткото цел живот верувал дека ќерката е болна

Изјавила дека мајка и со години ја држела затворена во семејниот дом во Мисури. Нејзиниот татко Род за New York Post изјавил дека бил "тотално шокиран" кога ја видел ќерката како чекори во судницата. Помислил: "Што се случувало сите овие години"?



Мајката од рано детство измислувала болести за својата ќерка, па така тврдела дека има леукемија, а подоцна и мускулна дистрофија. Таткото изјавила дека навистина верувал во тие тврдења.

Бланчард ја избодела својата мајка до смрт, а потоа на Фејсбук објавила: "Кучката е мртва". Обвинителот Ден Патерсон понудил договор за 10 години затвор, односно минимална казна за убиство од втор степен.






"Ди Ди беше многу добра во уверување. Никако не можам да сфатам како докторите не забележале дека лаже сите овие години", рекол таткото.

Оваа шокантна приказна станала главна тема на новиот документарен филм на "HBO" со наслов "Mommy Dead and Dearest". Можно објаснување на причините постапките на мајката е "посреден Мумчаусенов синдром", состојба во која лицето се однесува како некој нејзин близок да пати од болест.







Меѓутоа, други тврдат дека мајката само сакала да дојде до доларите од државниот надомест и донациите на јавноста. Документарниот филм ќе биде прикажан на 15. мај на "HBO".

No comments

Powered by Blogger.