Apple покажа иновации и со 11-та верзија на iOs



Apple на годинешната WWDC конференција во Калифорнија уште еднаш покажа дека е способен да лансира нови функции и повторно да го збогати софтверот со новата верзија на оперативниот систем iOs 11 во кој доаѓаа многу подобрувања иако не во иста мера како со јубилејната десетка.

Главниот редизајн ќе го претрпе App Store како централно место за мултимедија, па сега корисниците ќе може многу полесно да пронаоѓаат апликации и игри кои на нив им се потребни. Воведена е опцијата Today која на дневна основа ќе прикажува избор од најдобрите апликации, а има и нова посебна секција само за мобилни игри.


Messenger апликацијата сега овозможува директно праќање на пари во порака секако доколку и двајцата корисници имаат регистрирано картичка на Apple Pay. Исто така воведена е синхронизација меѓу сите уреди што ги користите, за довршување и продолжување на разговорот. Исто така кога ќе купите нов iPhone уред ќе ја добиете целосната историја на пораките од претходно.

Siri како централна апликација е неизбежна па затоа Apple вложи многу повеќе напори за нејзина надградба со нови функции меѓу кои подобрување на машкиот и женскиот глас кои звучат многу поприродно. Тука е и новата функција за директен гласовен превод, а демонстриран беше превод од кинески на англиски, со најава за многу повеќе јазици во наредниот период.



Do Not Disturb е надградена со тоа што може сама да се активира, на пример додека возите со што ќе исклучат сите конекции за да не ви се одзема вниманието за ваша безбедност. Ако некој ви пише порака, автоматски ќе добие одговор дека подоцна ќе го побарате. 



Во Apple Maps главната промена е што кога ќе влезете на пример во некој трговски центар ќе добиете мапа за внатрешноста на објектот со означени локации и продавници за полесно снаоѓање, што е корисно особено кога сте во странство и местото не ви е баш познато.



iOs 11 најпрво ќе биде достапен за корисниците кои се регистрирано во бета програмата за тестирање на софтверот, а конечната верзија за сите корисници ќе биде достапна наесен кога ќе биде лансиран и новиот iPhone 8.


No comments

Powered by Blogger.