Вистински преседан во Air Serbia: За прв пат во историјата комплетно женски екипаж!

Пишува: Точка

За прв пат во историјата на српското цивилно воздухопловство од аеродромот "Никола Тесла" во Белград авион на Air Serbia полетал со комплетно женски екипаж.

Во кокпитот зад командите на авионот од типот Airbus A-320, на летот кон Париз од 17:05 часот, седнале капетанот Весна Алексиќ и копилотот Мирјана Стоиљковиќ, додека во кабинскиот екипаж се уште четири дами.

Весна Алексиќ инаку лета како капетан во Air Serbia од 2014-та година, но ова е прв случај кога кокпитот е комплетно женски.

- Исклучително ми е драго што денес ќе летам со Мирјана и што пишуваме историја во оваа авио компанија, изјавила Весна за новинарите пред да полетаат.

Таа изјавила и дека мажите и жените се подеднакво изненадени кога ќе слушнат дека една жена управува со авионот.

- Патниците се веќе навикнати, а има и такви коишто веќе често патуваат со нас при што кабинскиот екипаж постојано ни пренесува позитивни коментари, изјавила Весна.

Таа вели и дека не е воопшто важно дали е копилотот жена или маж, бидејќи е пред сè е важно да се работи за професионалец, со којшто може да се оствари добра соработка.



Весна и Мирјана веќе на 25-ти мај ги очекува уште еден нов заеднички лет. Весна објаснува и дека поради големиот број на вработени системот сам планира и одредува кој со кого ќе работи. Инаку, во Air Serbia има шест жени пилоти, а пред само четири години немало ниту една. Весна и Мирјана се две жени пилоти коишто управуваат со Airbus, додека една нивна колешка управува со ATR, a уште три пилотираат со Boeing 737.

Мирјана Поповиќ вели дека не постои никаква разлика помеѓу машкиот и женскиот пилотски екипаж, бидејќи сите тие ја работат својата работа на најдобриот можен начин.

No comments

Powered by Blogger.