Долгорочна временска прогноза за Европа: AccuWeather објавил предупредување за Балканот: "Се закануваат неколку топлински бранови"

Пишува: Точка

Долги периоди на горештина, вклучувајќи неколку опасни топлински бранови, ќе претставуваат главни проблеми во јужна и источна Европа во текот на летото кое доаѓа, тврди "AccuWeather".

Од друга страна, Ирска и Обединетото Кралство ќе патат од недостиг на топлина. Покрај тоа, серија олуји со грмотевици ќе ги погоди земјите од Франција до Чешка и Полска.



Опасни топлински бранови над Балканот и Италија

Јужна Европа ја очекува долго, топло лето, бидејќи се предвидуваат долги периоди на екстремни горештини на подрачјето од Италија до Балканскиот полуостров.

Ова ќе резултира со неколку опасни топлински бранови во текот на летото, а барем еден ќе трае подолго од седум дена.



За време на летото температурата често ќе биде повисока од 32 степени

"Во текот на најинтензивните топлински бранови, можна е рекордна горештина", рекол метеорологот на AccuWeather, Алан Реперт.

Локациите од Македонија и Бугарија, па до Унгарија и Романија, ќе имаат најголем ризик од топлинските бранови.

"Уште еден проблем кој ќе настане во тоа подрачје е смогот, но и лошиот квалитет на воздухот", рекол метеорологот Тајлер Ројс.

Ваквото време исто така ќе ја ограничи количината на врнежи, што ќе го зголеми ризикот од суша.



Силни олуји од Франција до Полска

Додека јужна и источна Европа ќе бидат погодени од големи горештини, олујите од време на време ќе ја ублажуваат температурата на подрачјето од Франција до Германија и Полска.

Иако тие подрачја ќе бидат погодени од горештини, тие нема да бидат долготрајни поради честите олуји, од кои некои ќе бидат премногу силни, проследени со изолирани торнада.

Честите дождови и олуји воедно ќе ја зголемат опасноста од поплави.

No comments

Powered by Blogger.