Како ги поминале тинејџерството и младоста овие 9 успешни луѓе?

Понекогаш изгледа скоро невозможно истовремено да се оди на работа, да се има исполнет социјален живот, редовно да се вежба и да се има кариерата од соништата додека си во 20-тите години од животот.
Kako-gi-pominuvale-tinejdzerstvoto-i-mladosta-ovie-9-uspesni-lugje-01.jpg
Всушност, некои од најславните и најуспешните луѓе немале никаква идеја што да прават во животот во нивната рана младост. Некои имале строго јасна и зацртана цел, додека други „безделничеле“ во обид да се пронајдат себеси.
Сепак, успехот не изостанал и кај едните и кај другите. Дознајте како си го пополнувале времето во тинејџерските години и младоста следниве 9 успешни луѓе:

Џ.К. Роулинг

Творечкиот гениј кој се потпишува позади планетарниот хит „Хари Потер“, Џ.К. Роулинг, ги поминала своите тинејџерски години одејќи на фестивали и автостопирајќи низ територијата на Велика Британија.
Идејата од милион долари за малиот магионичар ја добила дури на 25-годишна возраст. Прилично многу се изнамачила додека добила согласност за издавање на книгата. Поради тоа не можела да се фокусира на работата, па добила отказ од „Amnesty International“.
Kako-gi-pominuvale-tinejdzerstvoto-i-mladosta-ovie-9-uspesni-lugje-02.jpg

Бил Гејтс

Ко-основачот на „Мајкрософт“ ја открил љубовта кон компјутерите уште на 13-годишна возраст. Во тоа време напишал компјутерски код за играта „Икс-нула“, а во училиштето во Сиетл го запознал и Пол Ален со кој го основал подоцна гигантот „Мајкрософт“.
Гејтс се запишал на Харвард, но го напуштил факултетот на 20 години во 1975 година, со цел да се фокусира на компанијата, потег што му донел милијарди долари на сметката.
Kako-gi-pominuvale-tinejdzerstvoto-i-mladosta-ovie-9-uspesni-lugje-03.jpg

Опра Винфри

Една од најпознатите ТВ водителки и продуценти на сите времиња сфатила дека сака да работи во ваков тип на медиум уште на 14-годишна возраст кога се преселила во Нешвил. Нејзината прва работа била водителка на радио станица на 16 години.
На 19 години го напуштила Државниот универзитет во Тенеси со цел да ја започне нејзината кариера. Доживеала прилично подеми и падови додека да ја достигне својата светска слава.
Kako-gi-pominuvale-tinejdzerstvoto-i-mladosta-ovie-9-uspesni-lugje-04.jpg

Џеј Зи

Шон Кори Картер го присвоил уметничкото име Џеј Зи на 20-годишна возраст. Настапувал покрај многу други рапери, но бил прилично анонимен на почетокот. Бил приморан да продава негови CD-ња од автомобилот.
Во 1996 година ги основал „Roc-a-Fella Records“ заедно со неговите двајца пријатели – Дејмон Деш и Карим Бурк, и конечно започнале да го препознаваат како рап ѕвездата каква што е денес.
Kako-gi-pominuvale-tinejdzerstvoto-i-mladosta-ovie-9-uspesni-lugje-05.jpg

Барак Обама

Поранешниот американски претседател обожавал да игра кошарка во младоста и матурирал со почести во 1979 година на 18 години. Тој бил еден од тројцата афроамериканци во средното училиште каде што учел и точно знаел што значи да се има поинаква боја на кожата, односно што значи зборот расизам.
Подоцна се запишал на Универзитетот Харвард и станал првиот афроамерикански претседател.
Kako-gi-pominuvale-tinejdzerstvoto-i-mladosta-ovie-9-uspesni-lugje-06.jpg

Морган Фримен

Невозможно е да погледнете добра документарна серија или филм без гласот на Морган Фримен, нели? Но, тој работел прилично напорно да стигне онаму каде што е денес. Веднаш по завршувањето на средното училиште тој им се приклучил на воздухопловните сили со желба да стане воен пилот.
Иако ја сакал глумата, сепак никако не можел да влезе во актерскиот бизнис во текот на 20-тите години од животот. Улогата која му го променила животот дошла заедно со филмот „Driving Miss Daisy“, а Фримен тогаш имал дури 52 години.
Kako-gi-pominuvale-tinejdzerstvoto-i-mladosta-ovie-9-uspesni-lugje-07.jpg

Марк Закерберг

Ко-основачот на Фејсбук започнал да се занимава со програмирање уште на 12-годишна возраст.
Прво ја создал мрежата за размена на пораки која ја нарекол „Zucknet“, а во тинејџерските години додека бил во средно училиште ја направил прграмата „Synapse“ која го препознавала музичкиот вкус на секој корисник. Мајкрософт му понудиле 1 милион долари за да ја откупат, но тој ги одбил.
Пред да биде примен на универзитетот Харвард, Марк научил да чита хебрејски, латински и грчки. На Харвард се родила идејата за најголемата социјална мрежа на денешницата чии основи ги испрограмирал за само една недела.
Се откажал од факултетот уште во втора година, иако се врати 12 години подоцна да го доврши започнатото и да ја земе заслужената универзитетска диплома.
Kako-gi-pominuvale-tinejdzerstvoto-i-mladosta-ovie-9-uspesni-lugje-08.jpg

Хилари Клинтон

Претседателскиот кандидат Хилари Клинтон била предодредена за големи работи во животот. Дипломирала на Универзитетот Јејл, а истовремено работела во Детскиот центар за истражување при Јејл, каде што поминала многу време со деца кои биле злоупотребувани.  
Клинтон волонтирала и во служба која нудела бесплатни правни совети на луѓе кои не можат да си дозволат адвокат. На 23-години започнала да се состанува со Бил Клинтон, за подоцна да стане првата дама на Америка за време на неговиот мандат.
Kako-gi-pominuvale-tinejdzerstvoto-i-mladosta-ovie-9-uspesni-lugje-09.jpg

Илон Маск

Основачот на PayPal, Tesla Motors и SpaceX напишал код за компјутерска игра на само 12 години која ја нарекол „ Blastar“.
Се преселил во Канада, а веднаш потоа во Пенсилванија каде што се запишал на државниот универзитет и учел бизнис и физика. Се обидел да добие докторска дисертација од областа на енергетската физика на Универзитетот Стенфорд, но само 2 дена подоцна се откажал сакајќи да биде дел од „интернет бумот“ во текот на ’90-тите години. Очигледно донел правилна одлука.
Kako-gi-pominuvale-tinejdzerstvoto-i-mladosta-ovie-9-uspesni-lugje-10.jpg

No comments

Powered by Blogger.