Тајно американско летало слета по 700 дена минати во вселената

Мистериозно летало X-37B слета по тајна двегодишна мисија во вселената. Теоретичарите на заговор сметаат дека авионот тестирал нов вид на оружје или служел за надзор, пренесува Independent.



Американското летало слетало на Флорида, по завршена мисија за која не се познати деталите. Авионот изгледа како мал вселенски шатл, но американската војска не открива детали за мисијата започната во мај, 2015 година.
Теоретичарите на заговор сметаат дека авионот можеби тестирал нов вид на сателитско оружје или дека вршел надзор. Засега нема официјална изјава за деталите на оваа мисија.

No comments

Powered by Blogger.