Вознемирувачка снимка: Издрогиран возач газел пешаци во туристички ресорт, настрадало бебе од 7 седмици

Пишува: Точка

Се појавила застрашувачка снимка на која туристи врискаат откако еден Британец возејќи со автомобил минал директно преку пешаците во шпанска Марбеља. Тој бил под дејство на кокаин. Повредено е бебе старо само седум недели и најмалку пет други лица, пишува "Daily Mail".

Снимката го фатила драматичниот момент во кој возачот се залетал во пешаците во летувалиштето Портос Банус. Изгледало како намерно да се залетува во нив со своето "Audi Sq7".

Преплашените луѓе врискале во паника додека автомобилот кружел околу пешачката зона во близина на познатиот клуб "Ocean".
Шест луѓе завршиле во болница, а возачот бил фатен по полициската потрага, откако возел на погрешната страна на патот. Еден од повредените има скршена нога, друг фрактура на колено, трет бил пренесен во болница во несвест.

Извори блиски на истрагата велат дека неименуваниот 27-годишен осомничен не минал на тестот за дрога. Полицијата најпрво мислела дека бил пијан, но се покажало дека бил под дејство на кокаин.
На снимката се слуша како една жена, која прва го забележала автомобилот, на сите им кажала да се тргнат, а потоа автомобилот се залетал во друго возило на кружниот тек, се качил на плочникот и возел дивјачки брзо.

Во Аудито покрај возачот бил и маж кој носел сина маица кој од автомобилот брзо излегол, ја треснал вратата и исчезнал. И возачот набргу си отишол со автомобилот, а веднаш потоа можеле да се слушнат и полициски сирени. Започнала спектакуларна потера која завршила кога издрогираниот возач се забил во неколку автомобили на спротивната лента од улицата. Мажот во доцните 20ти тогаш бил уапсен, а уапсен и неговиот сопатник.
Наводно на истиот тој возач му било наредено да го напушти клубот “Ocean” откако таму со некого се степал. Полицијата моментално истражува дали со намера го качил автомобилот на тротоар удирајќи луѓе , вклучувајќи го и бебето кое го повредил.

Полицијата потврдила дека двајцата уапсени се Британци.

Извори тврдат дека возачот бил многу пијан, но и позитивен на дрога, конкретно кокаин, додека совозачот бил позитивен на канабис.

No comments

Powered by Blogger.