6 намирници за расонување, кои се поефективни од кафе

Утринското расонување многумина не можат да го замислат без кафето, но постојат храна и пијалаци кои можат да ве расонат повеќе од популарниот црн пијалак и на подолг период да ве држат енергични.



Не велиме дека треба да се откажете од вашиот омилен пијалак, но добро е покрај него да ги додадете и овие намирници за секое утро да бидете комплетно расонети:

1. Овесна каша

Овесната каша е меѓу најдобрите оброци кои можете да ги јадете рано наутро, бидејќи истата брзо се апсорбира и подолг период ве држи полни со енергија.

2. Вода

Веднаш штом ќе станете, развијте си навика да се напиете една чаша вода на празен желудник за да се рехидрирате и расоните полесно.

3. Јаболков оцет

Не постои научно објаснување зошто јаболковиот оцет ја подигнува енергијата, но комбинацијата од вода, мед и јаболков оцет одамна се смета за многу корисна кога ви треба повеќе енергија.

4. Чиа семе

Чиата е богата со омега 3 масни киселини кои го хранат мозокот и прави да бидете порасонети.

5. Зелен зеленчук

Консумацијата на големи количини на свеж зелен зеленчук е еден од најдобрите начини како да дојдете до повеќе енергија која ќе трае до крајот на денот.

6. Јајца

Со јајцата за појадок не можете да погрешите, бидејќи прават да бидете сити и полни со енергија.

No comments

Powered by Blogger.