Сите можат да им позавидат: Овие 5 држави не должат никому ништо



Според "World Debt Clock" светскиот долг во овој момент изнесува 70.245.101.408.799 долари и константно расте. Речиси третина од тој износ отпаѓа само на САД.

Една шестина отпаѓа на Јапонија. Грција за малку ќе пропаднела финансиски и со себе ќе ја повлечела цела ЕУ, дури и САД и остатокот од западниот свет. Венецуела исто така е на раб на пропаст. На Саудиска Арабија и се заканува и политички распад, ако вака продолжи должнички да колабира поради ниската цена на нафтата.

За нациите од третиот свет кои буквално се во должничко ропство во апсолутната смисла на тој израз, речиси и да не се зборува. Сепак, и во таквиот свет постојат нации кои немаат ниту еден цент долг. Според податоците на ЦИА, тоа се Лихтенштајн, Макао, Брунеи, Девствените острови и Палау.



Секоја од овие држави има сопствени причини зошто нема никакви надворешни долгови. Лихтенштајн според површината е една од најмалите држави во светот, но затоа е одличен во производството на колбаси, денталната протетика, а го посетуваат и оние кои наместо да кријат своите компании во даночните раеви преку океанот, сакаат да останат во Европа.



Макао е полуавтономен во однос на Кина и држи некои од најголемите касина на светот. Палау живее одлично од туризмот на своите мали острови. Слично како и Британските Девствени острови, кои, покрај туризмот, исто така важат за една од најпопуларните даночни оази. Сите тие држави се премногу мали, па нивната финансиска политика е лесна за водење, а немаат ни сопствена валута, па работата е уште полесна. Лихтенштајн ги користи швајцарските франци. Макао хонгконшкиот долар. Палау и Девствените острови се врзани за американскиот долар.



Единствен кој не се вклопува во таквата слика е моќниот султанат Брунеи, кој има сопствен долар. Дури 90 проценти од економијата на Брунеи отпаѓа на нафтата на која таа земја лежи. Лидерот Хасанал Болкиах со своите 20 милијарди долари е еден од најбогатите луѓе во светот, што е вообичаено за лидерите на тие земји. Според тоа, таа земја не се разликува од Саудиска Арабија. Двете се сунитски, двете се апсолутистички монархии, двете апсолутно зависат од нафта. Брунеи, меѓутоа, не се вехабистичка монархија како Саудиска Арабија, а тоа со себе повлекува екстремни разлики во однос на таа земја.



Брунеи посебно води сметка за социјалната безбедност на своите граѓани. Така на нив образованието им е платено на секое ниво, па така и на студентите на постдипломски студии. Бесплатно им е дури и образованието на универзитети во странство, вклучувајќи го и сместувањето, прехраната, книгите и патувањето, нешто слично како Либија во времето на Моамер Гадафи, уште една земја која немала надворешен долг, а во исто време имала 150 милијарди долари резерви.

No comments

Powered by Blogger.