Кога зборуваат најмоќните, целиот свет мора да слуша: 5 клучни работи од разговорот помеѓу Трамп и Путин

Пишува: Точка

После долго очекуваниот директен контакт помеѓу двајцата лидери, информациите кои што се појавија во јавноста во врска со нивната комуникација беа нејасни. Сепак, по тоа што беше соопштено, можеме да извлечеме неколку заклучоци.

После подолго време, двајцата најмоќни луѓе на светот, претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин, телефонски разговарале за неколку клучни теми. Што е соопштено, за што разговарале Трамп и Путин?

Сирија

Според информациите кои што пристигнаа од Белата куќа, Путин и Трамп конечно се сложиле дека „патењето во Сирија отишло предалеку“, а наводно разговарале и за воспоставување на „сигурна зона“ за да се олесни позицијата на цивилите. Од Вашингтон најавиле дека ќе имаат претставник на следните преговори во Астана.

Од друга страна, според соопштението на официјален Кремљ, акцентот бил ставен на руско-американската соработка во „борбата против меѓународниот тероризам во контекст на сириската криза“.



Северна Кореја

Тензиите со Северна Кореја по повод нуклеарната и балистичката програма на Пјонгјанг беа геополитички најважите случувања во првите 100 дена од владеењето на Трамп. Кремљ соопшти дека Путин го повикал Трамп на воздржаност и дипломатско решение на проблемите, додека од Белата куќа порачале дека двајцата претседатели „конечно разговарале за тоа како е најдобро да се реши опасната ситуација во Северна Кореја“.



Средбата во јули во Хамбург

Во соопштението на Американците, не е споменат состанокот, но затоа во руското соопштение е наведено дека бил договорен личен состанок на двајцата претседатели, непосредно пред самитот на Г20 кој ќе биде одржан во германскиот град Хамбург.

За што не разговарале?

Украина

Ниту една од двете страни не споменаа дека се разговарало за Украина или Крим. Причината за тоа може да биде - или Трамп смета дека Северна Кореја и Сирија се далеку поважни во билатералните односи, или пак американската администрација сака да го сврти вниманието од овие прашања за да ја врати довербата неопходна за соработка со Москва.



Човекови права
Уште едно големо прашање е отсутно во извештаите од разговорите на Трамп и Путин - дали двајцата претседатели разговарале за руското мешање во американските претседателски избори, убиствата на хомосексуалците во Чеченија, човековите права, слободата на медиумите и репресијата на политичките противници. Се чини дека Трамп ќе го одржи предизборното ветување дека нема да се меша во внатрешните работи на другите земји.

No comments

Powered by Blogger.