Ким повторно непријатно го изненади светот: Има ракета која достигна 560 километри!



Од Белата куќа потврдија дека Северна Кореја лансирала балистичка ракета од среден домет (MRBM) и истакнаа дека нејзиниот домет бил пократок во однос на неодамна изведените тестирања.

Балистичката ракета која што Северна Кореја ја лансираше достигнала висина од 560 километри, откриле од јужнокорејското министерство за одбрана.

Ракетата потсетувала на севернокорејската ракета „Пукгуксонг-2“, унапредена верзија со продолжен домет, балистичка ракета на течно гориво која што се лансира од подморница, открил неименуван висок функционер од владата на Јужна Кореја во телефонска изјава за британската новинска агенција „Ројтерс“.

Војската на Јужна Кореја претходно соопшти дека последната балистичка ракета која што ја лансираше Северна Кореја летала околу 500 километри и се верува дека паднала во близина на источниот брег на таа земја. Стручниот штаб на вооружените сили на Јужна Кореја и САД спроведуваат детална анализа од лансирањето.



Претседателот на Јужна Кореја веднаш го свикал Советот за национална безбедност во Сината куќа каде што се дискутирало за последното лансирање на ракетата на Северна Кореја, соопштија од кабинетот на претседателот.

Станува збор за најново лансирање на ракета кое што се случува само една седмица откако Северна Кореја успешно тестираше балистичка ракета од среден домет за која што Пјонгјанг тврди дека има способност да носи нуклеарна боева глава. Сепак, најновата ракета летала подалеку од било која друга претходно лансирана ракета и тоа е причина за голема загриженост во Сеул, Токио и Вашингтон.

Јапонците силно протестираа после најновото севернокорејско тестирање на балистичка ракета, истакнувајќи дека Токио не може да ги толерира актите на провокација кои што се повторуваат.

Главниот секретар на јапонскиот кабинет Јошихилда Суга кој откри дека ракетата била лансирана во 16:59 часот по локално време од правец на западниот крајбрежен дел на Северна Кореја кон Јапонското море, пренесува „Ројтерс“.

Суга додаде дека севернокорејската ракета паднала надвор од јапонската ексклузивна економска зона и не причинила било каква штета на бродовите и авионите.

No comments

Powered by Blogger.