Шокантен фото-извештај од една од најголемите полициски акции: Погледнете како изгледал ударот на дилерите во "Земјата на крекот": Ангажирани 500 полицајци

Пишува: Точка

Бразилската полиција уапсила речиси 40 луѓе во големата акција против дилерите во центарот на Сао Паоло, каде последните години крекот се продава на очиглед. Дури и самата населба, која бил цел на акцијата, е позната под името "Земја на крекот" или "Cracolandia".

Дури 500 вооружени полицајци учествувале во акцијата, пишува BBC. Десетици зависници, кои биле затекнати на патот, реагирале во бес и притоа вандализирале неколку автомобили, а провалено било во неколку продавници.



Градиначалникот на Сао Паоло, Жоао Дориа, рекол дека оваа полициска операција го означува крајот на неказнувањето на "Земјата на крекот", но критичарите сметаат дека проблемот само ќе се пресели во некој друг дел од градот.



Дорие ветил рушење и обновување на многу напуштени згради во тој дел во близина на железничката станица Луз, каде веќе десетина години дрогата отворено се продава на улиците.



"Cracolandia" повеќе не постои и нема да се врати. Владата тоа нема да го дозволи", рекол Дориа во текот на акцијата и најавил дека таму ќе постави бројни надзорни камери. Подоцна, на конференцијата за новинари, сепак признал дека ќе биде тешко да се излезе на крај со овој историски проблем.



"Трајно ќе поставиме полиција на ова подрачје и проблемот така сигурно ќе се намали", рекол Дориа.



Гувернерот на државата Сао Паоло, Гералдо Алцкмин, рекол дека државните центри за лечење на зависност имаат 3.000 слободни места и подготвени се да примат зависници на лечење. Градоначалникот и гувернерот неодамна заедно во јавноста и најавиле план за борба против трговијата со дрога во тој регион.



Претходниот градоначалник на Сао Паоло, Фернандо Хадад, имал програм со кој се обидел да ја реши зависноста со терапија и без полиција. Меѓутоа, ситуацијата во "Земјата на крекот", станала критична за повеќето жители во тој кварт.



















No comments

Powered by Blogger.