Што прави Хали Бери за на 50 години, да изгледа како да има 30?

Пред неколку месеци, Хали Бери објави секси фотка со раширени раце од себе заедно со објаснувањето: „Јас, кога некој ќе ми каже дека доаѓа со грицки“.



Ако добро го погледнете нејзиното тело и сфатите дека има 50 години, веројатно ќе си помислите дека не е тип на човек кој си допушта да јаде нешто нездраво.

Па, како се исхранува Хали Бери?

Дијагнозата дека има дијабетес променила сè

На 19 години открила дека има дијабетес и тогаш сфатила дека многу ќе треба да внимава на исхраната. Не консумира шеќер и леб, но затоа јаде многу сирови и готвени овошја и зеленчук и пие многу вода.

Избегнува храна која има многу масти, шеќери и обработени јаглехидрати.

Избегнува шеќер

Бери многу добро знае какви проблеми може да предизвика шеќерот не само на телото, туку и на кожата, па често уште го нарекува и „отров“ кој треба да се избегнува.
Пие протеински шејкови за енергија

Кога ѝ треба повеќе енергија, пие протеински шејкови.
Секогаш внимава на тоа што внесува во организмот

„Како старееш, така стануваш посвесен за тоа што внесуваш во организмот“ - вели таа. „Тоа значи дека секогаш одбираш оброци кои се исполнети со многу свежи зеленчуци, риба и нискокалорични грицки“.
Многу вежба

Хали Бери прави лесни вежби секојдневно, а крева тегови, само ако моменталниот филмски ангажман го бара тоа од неа.
Се фокусира на стомачните мускули

30-минутниот тренинг во главно се состои од правење на вежби кои се концентрираат на стомачните мускули.


No comments

Powered by Blogger.