5 знаци кои укажуваат дека црниот дроб не функционира нормално

Црниот дроб е најголемата жлезда во човековото тело, во која околу 300 милијарди црнодробни клетки наречени хепатоцити, извршуваат повеќе од 500 различни физиолошки функции.

Во продолжение, Ви претставуваме пет знаци кои укажуваат на проблеми со црниот дроб.

• Болки во стомакот – чувството на болка од десната страна под ребрата е еден од знаците на заболен црн дроб. Црниот дроб го опфаќа поголемиот дел од стомачната шуплина, а неговиот крај се наоѓа на десната страната, и ако истиот е оштетен или воспален, се јавува болка.



• Жолти очи или кожа (жолтица) – кога телото ги разградува старите клетки, се зголемува нивото на билирубин во крвта. Здравиот црн дроб нема проблеми со преработка на билирубинот, но заболениот црн дроб дозволува тој да се таложи во крвта, а симптомите кои се јавуваат се жолти белки на очите или жолта кожа. Темната боја на урината и светлата боја на столица се исто така знаци на жолтица.

• Болки во зглобовите – мачнина, повраќање, умор и губење на апетитот се меѓусебно поврзани симптоми кои укажуваат на болести на црниот дроб – посебно кога се работи за автоимуниот хепатитис. Автоимуниот хепатитис е состојба во која имунолошкиот систем погрешно ги напаѓа клетките и ткивото на црниот дроб, а почесто се јавува кај жени отколку кај мажи, вели Националниот институт за здравје во САД.

• Дамки на кожата – доколку црниот дроб не ја прочистува правилно крвта, може да дојде до нејзино згрутчување во близина на површинскиот слој на кожата.

• Збунетост – заболениот црн дроб може да создаде премногу бакар во организмот, што доведува до пореметување кое е слично на Алцхајмеровата болест. Овој симптом е поврзан со напредната фаза на болеста на црниот дроб, што значи дека најверојатно нема да биде прв (или единствен) симптом кој укажува на проблеми со овој орган.

No comments

Powered by Blogger.