5 милиони прегледи за 24 часа: Објавен е трејлерот за филмот кој го чекавме 35 години

Пишува: Точка

Warner Bros го објавија првиот трејлер за продолжението на култниот филм „Blade Runner“ на Ридли Скот од 1982 година.

Во морето на продолженија кои ги гледаме во последно време, најавата на вториот дел од филмот „Blade Runner“ одекна како бомба. Првиот филм, кој беше снимен во 1982 година, е еден од највлијателните и најдобри научно-фантастични филмови во историјата, па да се тргне во реализација на продолжение претставува голем и тежок предизвик.





Песимизмот на многу љубители на филмот (најмногу поради многуте промашени продолженија кои имавме прилика да ги видиме) малку се намали откако беше објавена веста дека зад режисерската палка на вториот дел од филмот ќе застане Денис Вилнев.

Канадскиот режисер во последните неколку години се наметна како еден од најзначајните режисери на денешницата. Темата и жанрот не се важни – Вилнев не греши.
Дејството на филмот „Blade Runner 2049" е сместено во Лос Анџелес, а се одвива 30 години после првиот филм. Во улогата на Рик Декард повторно ќе го видиме Харисон Форд, а покрај него во филмот ќе настапуваат и Рајан Гослинг, Џеред Лето и Робин Рајт. Филмот би требало да почне да се прикажува на големото платно во октомври.

No comments

Powered by Blogger.