Едната има 48, а другата 19 години: Дали им прилега истиот фустан?

Пишува: Точка

Провидниот сребрен фустан сошиен за да го истакне деколтето, е вистински избор за секоја дама со раскошни облини. Една од нив дефинитивно е Џенифер Лопез, но и младата актерка Ариел Винтер. Притоа, Џенифер има 48, а Ариел 19 години. Дали им прилега истиот фустан?

Провокативниот фустан со кристалчиња го облекла латино дивата Џенифер Лопез во емисијата "The Late Late Show" и совршено го истакнал сето она што Џеј Ло ја краси со децении – неверојатната комбинација на виткост и облини. Никој не доведува до прашање дали фустанот е за помлади или постари, бидејќи Џенифер Лопез може да носи иста гардероба како и дваесетгодишните девојки.



А, потоа, во шоуто на Џими Кимел, во идентична тоалета, се појавила нејзината 29 години помлада колешка, актерката Ариел Винтер. Фустанот добро се прилагодил на нејзината фигура, но и го наметна прашањето дали модното парче го диктираат годините на личноста која го носи или токму личноста со својата појава му дава печат на парчето облека.



Случајот на Џенифер Лопез и Ариел Винтер како да ни докажа дека ист фустан може да го пронајде својот пат до различни генерации, само доколку знаат како да го носат.



Што мислите вие, на која од овие две славни дами фустанот подобро ѝ стои?

No comments

Powered by Blogger.