Само мистериозно излегла од морето: Исчезната плажа по 33 години повторно се појавила

Пишува: Точка

Пред 33 години плажата кај местото Дуах на ирскиот остров Акил, настрадала во серија олуји.

Таа 1984. година морето и ветровите целосно го отстраниле целиот песок од плажата, зад себе оставајќи само камења. Во меѓувреме пристигнале сосема нови генерации кои не се сеќаваат на песочната плажа, но околу овогодишниот Велигден се случило нешто неверојатно.
Една единствена необјасниво висока и силна плима, откако се повлекла, зад себе оставила иста таква 300 метри долга песочна плажа, на каква од своето детство се сеќаваат денес 40-годишните и постари мештани од најзападниот ирски остров.

"Плажата беше целосни исчезната, 1984. година беше последната година кога плажата се најде тука. Одеднаш, во април оваа година, по продорот на студениот воздух на Велигден, ветерот цело време дуваше од север и очигледно го преместил песокот таму од некаде", објаснува менаџерот на туристичката служба Шон Малој.


Сопственикот на локалниот ресторан Алан Гилти рекол дека плажата била од голема важност за местото.

"Нашето место е прекрасно вакво какво што е, но уште поубаво е со прекрасната плажа наместо карпите. Откако луѓето ја видоа веста за плажата, имаме многу повеќе посетители од внатрешноста на земјата", рекол Гилти.
Островот Акил, покрај по зачуваната природа, е познат и по тоа што на него во 50-тите и 60-тите години живеел германскиот книжевник Хајнрих Бел, славен Нобеловец, еден од најголемите Германци во цела историја на нацијата. Во куќата во која живеел денес се собираат писатели.

No comments

Powered by Blogger.