На напаѓачот на Никола Тодоров му е одреден 30. дневен притвор

Фото Вест
Пишува: Toчка

Судија на претходна постапка му одреди триесетдневен притвор на велешанецот Љупчо Стојановски, дедото на малата Тамара кој вчера пред министерството за здравство испука три куршуми кон екс министерот за здравство Никола Тодоров.

Неговиот адвокат посочил дека обвинетиот се бранел со молчење и дека ќе поднесат жалба против донесената одлука. Во Кривичниот суд трипати интервенирала Брзата помош, бидејќи напаѓачот на Тодоров не бил во стабилна здравствена состојба.

Осомничениот се гони за кривичното дело Убиство во обид.

No comments

Powered by Blogger.