Напаѓачите на Села добија 30 дена притвор

Пишува: Точка

Кривичниот суд синоќа им определи по 30 дена притвор за синот и таткото осомничени за обид за убиство на пратеникот Зијадин Села, кои се однесени во истражен затвор.

Основното јавно обвинителство вчера ја преиначи одлуката за Кире Георгиевски и неговиот татко. Наместо за учество во толпа, како што се товареа претходно, ќе одговараат за кривично дело „убиство во обид“. „Од досега прибавените докази, Основното јавно обвинителство – Скопје оцени дека постои основано сомнение дека овие две лица, заедно со други лица, кои во овој момент се неидентификувани, го извршиле кривичното дело Убиство од чл.123 ст.1 во врска со чл. 22 и во врска со чл.19 од Кривичниот законик“, соопшти вчера ОЈО.

Кире Георгиевски и неговиот 68-годишен татко вчера утрото беа приведени во нивниот дом. По извршениот претрес во нивниот дом биле пронајдени и одземени патики со траги слични на крв, облека и три мобилни телефони.

No comments

Powered by Blogger.