Животот на секој хороскопски знак во 3 реченици

Запознавањето на самиот себе преку хороскопот, можеби и не е најпаметното нешто што можете да го направите, но дефинитивно е забавно.



Секој хороскопски знак има различни карактеристики што го одвојуваат од другиот, па кога запознавате некого, често првото прашање што го поставувате е: „Кој е твојот хороскопски знак?“, како тоа да ви кажува многу за личноста.

Според начинот на кој секој хороскопски знак самиот себе се опишува, проверете дали и вие имате некои од овие карактеристики:

1. Овен

- Ситуацијата секогаш е под контрола, но моите емоции никогаш не се.
- Најпрво реагирам, а потоа размислувам за тоа што сум го направил.
- Тврдоглав сум, па што?

2. Бик

- Не ми е гајле дали сум втор во работите, тие што се први и така трошат премногу енергија.
- Само сакам да бидам во мојата комфор зона.
- Не, нема да ти ја позајмам мојата кола, пари, облека!

3. Близнаци

- Сега ме гледаш, сега не.
- Мојата идеална куќа има телевизор во секоја соба.
- Ако не можеш да ме следиш, ти си надвор од играта.

4. Рак

- Мојот дом е моето свето место.
- Најубавото нешто во животот е кога фрижидерот ми е полн.
- Ја имам оваа јакна веќе 10 години и сè уште изгледа како нова.

5. Лав

- Следете ме, јас сум лидерот.
- Кога правам нешто одам до крајности.
- Попрво би помогнал некому, отколку да дозволам некој мене да ми помогне.

6. Девица

- Скромноста е мојот најголем квалитет.
- Валкана куќа ми е најголем кошмар.
- Ако сакаш да ме заведеш, објасни ми рационално зошто треба да сме заедно

7. Вага

- Мразам конфликти.
- Не можам да живеам без партнер.
- Најтешкото нешто во животот ми е да направам било какво одлука.

8. Шкорпија

- Имам многу страст во мене, но тоа речиси никогаш не го покажувам.
- Никој всушност не го знае моето вистинско „јас“.
- Ја анализирам секоја ситуација, не можеш ништо да скриеш од мене.

9. Стрелец

- Да се чувствувам лошо за тоа што го направив? Нема шанси.
- Како можеш да бидеш лут на мене? Тоа е невозможно.
- Најдобро патување? Пат околу светот.

10. Јарец

- Моето мото е: „Не ги прекршувај правилата, можеш да бидеш фатен“.
- Обожавам да размислувам и да зборувам, но не сакам многу да се мрдам од место.
- Многу сум резервиран и секогаш смирен.

11. Водолија

- Мојот најголем кошмар е да бидам како сите други.
- Јас сум најпозитивната личност што некогаш ќе ја сретнеш.
- Немој да се грижиш за иднината, секако ќе биде прекрасна.

12. Риби

- Не можам да кажам „не“ на алкохол.
- Ако ти ветам нешто, не значи дека тоа и ќе се случи.
- Можам да дадам совети на било кој, само не на самиот себе.

No comments

Powered by Blogger.