Влатко Ѓорчев: Моето лично сведоштво од 27-ми април и зошто им помогнав на пратениците од СДСМ

Пишува: Точка

Личното сведоштво на Влатко Ѓорчев за настаните во Собранието на 27-ми април, 2017-та. "Kако да се опише најлошиот ден во македонската парламентарна историја? Што да се каже, кои заклучоци да се изведат и како да се оди понатаму?"

"Влегоа илјадници граѓани, а пленарната сала брзо се наполни. Беше јасно дека целата работа нема да заврши за 5 или 10 минути. Отидов во мојата канцеларија на првиот кат.

По некое време почнаа да се слушаат врискотници. Беше јасно дека се случува нешто лошо, дека има некакво насилство и дека состојбата ескалира. Излегов од мојата канцеларија и тргнав натаму.





Состојбата беше хаотична, луѓе на сите страни, трчање и викање. Туркање и тепање. Се слушна истрел од пиштол. Никој не можеше да знае дали веќе има жртви или колку луѓе се повредени.



Решив да се обидам да ја смирам состојбата. Да спречам уште поголем инцидент или потенцијална трагедија. Да помогнам на луѓе кои се нападнати. Да помогнам на луѓе кои се нападнати и повредени, а повеќемина веќе видливо крвавеа.
Не беше лесно. Имаше голема, огромна тензија. Имаше многу луѓе во салата, се слушаа тешки, тешки зборови. Застанав пред пратениците кои беа нападнати, со апели и молби за смирување. Со своите тело и раце да спречам уште повеќе луѓе да бидат нападнати, а повредите да бидат уште поголеми.

Така беше неколку минути, но знаев дека сам нема да можам да издржам, дека се потребни повеќе луѓе да застанат до мене, за да се смири состојбата и да се заштитат нападнатите.



Kого било што го знаев, го замолував да дојде до мене, да застане до мене и заедно да бидеме "кордон" што ќе спречи ескалација и уште поголеми последици. И, навистина дојдоа повеќе луѓе, од новинари, преку обични луѓе кои во тој момент имаа студена глава и решија да спречат уште поголема трагедија. Лично помогнаа новинарите Бранко Ѓорѓевски од "Дневник" и Горан Трпеновски кој порано беше во "Вест". Тоа траеше некаде околу 45-60 минути."

Сведоштвото на пратеникот Ѓорчев во целост е објавено во весникот "Дневник", а можете да го најдете на следниот линк ТУКА.

No comments

Powered by Blogger.