Документи од Малта откриваат: Ердоган поседува танкер за нафта од 26 милиони евра

ПИШУВА: ТОЧКА

Како што пренесуваат западните медиуми, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган поседува танкер за нафта стекнат во рамките на таен офшор аранжман.

Семејството на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган поседува танкер за превоз на нафта вреден 26,5 милиони евра, стекнат во рамките на таен офшор аранжман, пренесува конзорциумот на Европските медиумски куќи,

Според извештаите кои што беа објавени во текот на вчерашниот ден, семејството на претседателот на Турција е сопственик на танкерот за нафта „Агдаш“ преку компании регистрирани на Малта и островот Ман кој се смета за даночен рај на Велика Британија.

Четвртина од финансиите ги обезбедил турскиот бизнисмен Ситки Ајан кој бил близок пријател на семејството на Ердоган, а три четвртини биле обезбедени од турско-азербејџанскиот милијардер Мубариз Мансимов, сопственик на транспортната група Палмали од Истанбул.



Белгиските, шпанските, италијансите и француските весници кои се дел од иницијативата за соработка во областа на истражувачкото новинарство - Европска истражувачка соработка, започнаа уште во текот на минатата седмица да ги објавуваат резултатите од нивната „истрага“.

Истрагата наречена „Документите од Малта“ и содржи повеќе од 150 илјади документи од „медитеранскиот даночен рај“, додека пак во врска со ова реагира од Владата на Малта и порачаа дека не постојат тајни кои што би можеле да бидат откриени.

No comments

Powered by Blogger.