Директорката Станисављева земала плата од 25.000 евра додека МПМ тонел во загуби

Порталот Актуелно.мк објави документ на кој е наведен износот на месечните примања на донеодамнешниот прв човек на компанијата МПМ, Јана Станисављева.



Според напишаното во Анексот од 2015 година, Станисављева земала месечна плата од 25.000 евра.

Друштвото имало обврска најдоцна до 10-ти во месецот да ѝ исплаќа износ во висина од 1.345.000 денари.



Дополнително ѝ биле платени трошоци за бензин, за доаѓање и одење од работа, дневници и слично.

МПМ неодамна ги затвори весниците „Утрински весник“ и „Вест“ поради финансиски загуби.

No comments

Powered by Blogger.