Летечки пентхаус: Еден час во најголемиот и најлуксузен авион чини 23.000 евра, а кога ќе го видите ќе сфатите зошто

Иако можеби изгледа како само уште еден комерцијален авион, ако малку подобро го погледнете, јасно е дека Боингот 787 Дримлајнер е се`, само не е обичен авион. Всушност, на неговиот луксуз можат да му позавидат и светските богаташи и претседатели.

Наречен “VVIP” поради неговата ексклузивност, овој авион е официјално најголемиот светски приватен авион кој чини 270 милиони евра.

За оние кои сакаат да ја доживеат магијата нa лет со овој Дримџет, ќе мора да го изнајмат целиот авион, бидејќи не е можно да се резервира само едно седиште. А, за да го изнајмите ова лудило од машина за само еден час, ќе треба да се „олесните“ за повеќе од 23.000 евра, што значи дека лет од Лондон до Њујорк би чинел најмалку 188.000 евра. Ситница, нели?



И, додека стандардниот Боинг 787 со своите 2.400 метри квадратни може да понесе околу 330 патници, во луксузот на овој авион можат да уживаат најмногу 30 патници во исто време.



Дримлајнерот на својот труп има проширени прозорци за подобар поглед на патниците, како и 18 луксузни кревети и главна сала за состаноци или забави. Покрај тоа, во авионот има и мермерни бањи со детали од дабово дрво.
Просториите за патниците се одвоени од просторијата во која престојува персоналот, а целиот овој комфор го овозможила американската авиокомпанија Kestrel Aviation Management, пишува Daily Mail.







No comments

Powered by Blogger.