Ѕирнете во домот на Бастијан Швајнштајгер и Ана Ивановиќ: Раскошен пентхаус од 230 квадрати!


Германскиот фудбалер и српската тенисерка плаќаат 30.000 евра месечно за изнајмување на станот, а Ана имала еден одреден услов кој морал да го исполнува нивниот дом во Чикаго.

Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер навистина знаат да уживаат! Убавата српска манекенка и славниот германски фудбалер живеат во пентхаус од 230 метри квадратни во Чикаго кој се наоѓа во хотелот „Волдорф Асторија“ со поглед на езерото Мичиген, пишува порталот Stil.kurir.rs.



Како што пренесуваат светските медиуми, изнајмувањето на овој апартман чини речиси 30.000 евра месечно, а кога некој би сакал да го купи, би чинел речиси 10 милиони евра. Единствениот услов на убавата тенисерка бил овој пентхаус да има тераса, што и` било исполнето, а станот е опремен и со најновата и најскапа техника.
Луксузниот апартман се состои од дневна и спална соба, трпезарија, додека бањата е направена според најмодерните стандарди, со две лавабоа, две туш кабини, а во станот има и уште четири бањи.



Иако пентхаусот се изнајмува целосно опремен, Ана и Бастијан одлучиле да го донесат својот мебел од Англија, бидејќи нивниот омилен стил е лежерната елеганција, откриваат светските медиуми.

No comments

Powered by Blogger.