Како да се грижите за вашето лице во 20-тите со многу малку труд?

Вашата кожа која сè уште изгледа многу младо е вашиот најголем дар во 20-тите, но многумина не гледаат така на тоа.



Вашето лице сега е мазно, меко и со сјај, иако сте спиеле само 3-4 часа преку ноќта или можеби воопшто не внимавате на исхраната.

Но, сакале или не, одлуките кои ги носиме и навиките кои ги создаваме сега, ќе влијаат многу на изгледот на нашата кожа после некое време.

Без разлика што можеби изгледате како да имате Snapchat филтер цело време со вас и можете да излезете со минимално користење на шминка, време е да создадете навики за кои ќе си бидете благодарни после неколку години.

Еве само 3 работи кои никако не треба да ги одбегнувате во вашата секојдневна рутина, иако немате никаков проблем со кожата:

Мијте го лицето секоја вечер

Секоја ноќ бришете ја шминката со марамчиња за вадење шминка или со лосион и измијте го лицето со ладна или млака вода. Никако немојте да го миете лицето со жешка вода, бидејќи на тој начин кожата ги губи потребните маснотии и станува сува.

Користете хидратантен крем

Откако ќе ги исчистите сите нечистотии што се собираат на лицето преку цел ден, следен чекор е да ставите хидратантен крем за лице. Најдобар избор на хидратантен крем е оној што содржи 
хијалуронска киселина.

Хијалуронската киселина ја одржува еластичноста на вашата кожа. Изберете крем чие дејство трае подолго време, за да бидете заштитени преку цел ден.

Заштита од УВ зраци

Овој чекор не смеете да го прескокнете ниедно утро. Независно какво ви изгледа времето надвор, ако сакате да ја заштитите кожата, користете фактор со заштита. Ви треба фактор со намена за лице, затоа што кожата на лицето е многу поосетлива и понежна, за разлика од кожата на вашето тело

No comments

Powered by Blogger.