Евровизија 2017: Италија апсолутен фаворит, Македонија и Бугарија најдобро котираат меѓу земјите од регионот

Изборот за песна на Евровизија 2017 почнува вечерва и ќе биде пренесуван во живо од Меѓународниот изложбен центар во Киев, главниот град на минатогодишната земја победничка Украина.



Годинава фаворит е Италија што води според коефициентите во обложувалниците.

Италија, која два пати има победено на Евросонг, годинава ќе ја претставува Франческо Габани од Тоскана со песната Occidentali’s Karma. Ова е првата песна во историјата на Евросонг со текст на старогрчки и санскрит.

Според прогнозите на обложувалниците, голема шанса за победа има и Португалија која ја претставува Салвадор Собрал со песната Amar Pelos Dios што ја напишала сестра му Луиса.

На трето место е Бугарија чиј претставник е Кристијан Костов со песната Beautiful Mess за која сам го напишал текстот. Бугарија досега најдобар пласман имаше лани кога го освои четвртото место.



Од земјите во регионот, најдобро е рангирана на Македонија на 22 место. Наша претставничка на годинашниот избор е Јана Бурческа со песната Dance Alone.

Јана ќе настапи на втората полуфинална вечер на 11 мај.

No comments

Powered by Blogger.