Ги чекаме со нетрпение: Филмови кои ќе излезат во 2017 година

Пишува: Точка

Подгответе ги пуканките! Најголемите летни филмски хитови се состојат од низа на елементи кои содржат акција, драма, хорор, неверство и суперхерои кои нема да ви дозволат да ви биде здодевно. Во продолжение ви ги претставуваме некои од најочекуваните филмови за оваа година.

„It” (08.09.2017)
Во римејкот на филмот од 1990 година, Бил Скарсгард ќе го глуми Пенивајз, кловнот убиец од фантазијата на маестралниот писател Стивен Кинг, кој ќе предизвика хаос во едно мало градче.

„Girls Trip” (21.07.2017)
Филмот во кој глумат Реџина Хол, Квин Латифа и Џејда Пинкет Смит како група на пријателки кои повторно се собираат на заедничко патување во Њу Орлеанс е навистина фантастична вест!

„Spider-Man: Homecoming” (07.07.2017)
Откако видовме мал милион на римејкови од „Spider-Man”, од прилика знаете што да очекувате, нели? Во овој филм ќе го гледаме Том Холанд како Питер Паркер, и иако последниот филм за овој суперхерој излезе неодамна, дефинитивно ќе го изгледаме и овој.

„The Hitman’s Bodyguard” (18.08.2017)
Еден од омилените холивудски актери, Рајан Рејнолдс, ќе го гледаме во улога на фрустриран бодигард на платениот убиец кој го глуми Семјуел Л. Џексон. Комичните моменти и акцијата ни гарантираат добар филм исполнет со експлозии и хумор.

„All I See You” (15.09.2017)
Во овој филм ќе ја видиме Блејк Лајвли во улога на слепа жена која ќе го врати својот вид, само за да дознае многу разочарувачки вистини за нејзиниот сопруг.

„Atomic Blonde” (28.07.2017)
Во овој шпионски акционен филм дејството се одвива во Берлин во 1989 година, а во главната улога ќе ја гледаме фантастичната Шарлиз Терон како опасна M16 шпионка која влегува во опасен шпионски круг...

„Baby Driver” (28.06.2017)
Новиот филм на Едгар Рајт е акциона комедија за млад талентиран возач кој откако ќе почне да работи за еден мафијаш се наоѓа во ситуации во кои би можел да го загуби животот.

„Rough Night” (16.06.2017)
Славната актерка Скарлет Јохансон е главна ѕвезда во новата урнебесна комедија (Rough Night). Јохансон глуми девојка која ќе се мажи, а пријателките одлучуваат да и` приредат незаборавен девојачки викенд со стриптиз, алкохол и дрога! Меѓутоа, кога една од нив ќе „скокне“ на стриптизерот, тој случајно ќе загине во бизарен пресврт, а девојките тогаш ќе мора да го решат тој проблем и на време да стигнат на венчавката.

“Baywatch” (25.05.2017)
Најгледаната серија во светот набрзо ни пристигнува и на големите платна. Новите „Чувари на плажата“ на чело со Двејн Џонсон и Зак Ефрон ќе ни покажат за што се` се способни спасувачите.

No comments

Powered by Blogger.