Ѓоковиќ: Не јадам месо од август, 2015 и нема да подлегнам на притисокотЃоковиќ: Не јадам месо од август, 2015 и нема да подлегнам на притисокот

Светскиот тениски шампион Новак Ѓоковиќ досега демантираше дека промената на исхраната е причината за неговите лоши резултати во играта од минатото лето.



По ваквиот негативен пресврт Ноле реши да се раздели од целиот стручен тим, а тоа беа луѓе кои беа со него од почетокот на кариерата.
Спортските фанови и медиуми се обидуваа да ја откријат причината за кризата во која се најде Ѓоковиќ, а една од најзастапените теории се однесува на промената на начинот на исхрана, односно фактот дека веќе не јаде месо.

Ѓоковиќ пред новинарите рече дека е вегетаријанец од август, 2015 година, но дека повеќе не е веган бидејќи поворно почнал да јаде риба и јајца.

„Кога резултатите не се такви какви што беа во изминатите седум-осум години, нормално е дека луѓето ќе почнат да ја бараат вината околу мене, да бараат работи што не функционираат и тоа да биде причината за неуспехот“, рече тој.

Ноле како вегетаријанец освои 11 титули за десетина месеци, вклучувајќи три грен слем турнири, па и долго чеканиот Ролан гарос, што е најдобар доказ дека отсуството на месо во неговата исхрана нема врска со поразите што ја сменија сликата за него.

„Потполно е бесмислено да коментирам. Луѓето кажуваат такви работи, а немаат доволно информации и не познаваат одредени работи, само читаат весници и извлекуваат заклучоци.“

„Мојата исхрана е на билна основа, а јадам и риба и јајца како извор на протеини. Одлучив да не јадам месо, што од етички, што од здравствени причини и не сакам да се вратам на јадење месо, ниту да потлегнувам на притисокот“, рече Ѓоковиќ.

Популарното мислење е дека станал приврзаник на вегетаријанството под влијание на сопругата Јелена.

Ноле на тоа само се насмеа и рече: „Слушам дека зборуваат дека жена ми ми забранува да јадам месо, а и самата јаде месо, особено сега кога е бремена.“

No comments

Powered by Blogger.