Хит понуда: Италијанците нудат 2.000 евра само за да дојдете!

Пишува: Точка

Началникот на малото планинско село Бормида, во Италија, му нуди 2.000 евра на секој оној којшто ќе одлучи да се досели, пишува Guardian.

Селцето се наоѓа на северозападот во Италија, во областа Лигурија, а моментално во него живеат 394 жители.

Началникот на Бормида, Даниел Галијано, во обид да го спаси местото да не стане село на духови нуди и поволно сместување – 50 евра месечно за мала недвижнина или 120 евра месечно за малку поголема.

Одлуката би требало да биде поддржана и од локалната самоуправа, но се чини дека може да се очекува дека Бормида ќе му подарува по 2.000 евра на секој оној којшто ќе се досели, без оглед на тоа дали ќе купи или изнајми недвижнина.



- Сè уште работиме на самиот план, но секако дека секој е добредојден да дојде и да живее тука, изјавил еден локален советник којшто сакал да остане анонимен, додавајќи:

- Ние сме една мала заедница, но многу гостопримлива. Се наоѓаме високо во планината, но не сме далеку од морето. Водиме здрав начин на живот, а и воздухот тука е многу чист.


Facebook постот на Галијано е веќе “натрупан” со коментари од потенцијалните нови жители. Некои велат дека и ќе се откажат од понудените сретства ако им биде понудена работа.

Што сè друго нуди Бормида?
- Нема многу што да се прави тука. Но, животот е едноставен, имаме шуми, кози, црква и изобилство од добра храна. Дефинитивно живот без стрес, изјавил Одон Џузепе, сопственик на еден од четирите ресторани во ова место.

Па, што мислите за оваа примамлива понуда?

No comments

Powered by Blogger.