Бројот на настрадани во поплавите во Шри Ланка порасна над 200 луѓе

Бројката на настрадани во поплавите во Шри Ланка се искачи на повеќе од 200 луѓе, соопшти вчера Коломбо.



Според новиот биланс на кризниот штаб, настрадале 202 лица, а 96 се водат како исчезнати.

Повеќе од 77.000 луѓе се раселени додека 1.500 домови се уништени во поплавите кои во Шри Ланка однеле најмногу жртви во последните десет години.

No comments

Powered by Blogger.