Има 20 години и живее окружен со луксуз: Сè стекнал сам, а ќе го "замразите" кога ќе видите како

Пишува: Точка

Работата на 20-годишниот Алекс Мачерас би ја посакал секој на светот!

Додека многу тинејџери работат за ситен џепарлак, нивниот врсник лета со прва класа на најегзотичните дестинации и ужива во богатство.

Иако има само 20 години, Алекс е авио-експерт кој лета ширум светот со прва класа, во празни авиони чија удобност ја тестира пред и официјално да оцени некоја од светските авио-компании.

Тој со своите 13.000 фанови на Инстаграм често споделува фотографии од луксузниот со шампањ исполнет живот, поради што предизвикува завист каде и да се појави. ЗаBusiness Insider изјавил дека од кога знае за себе е заинтересиран за авиони.

"Роден сум со патна бубачка која не ми дава мир. Има снимки на кои како бебе со прстот покажувам на небото. Тоа никогаш не било случај во моето семејство, така што не сум ја наследил таа потреба од родителите", изјавил Мачерас.

Проучувал авијација секогаш кога можел, а кога станал доволно возрасен отишол на часови по летање. Еден од главните идеали кон кои тежел бил могулот Ричард Бренсон, сопственик на компанијата "Virgin", чија книга ја прочитал неколку пати до 13 години.
"Не смеев да ја носам во училиште поради бројот на пцовки кои ги содржи, но се навлеков во оној момент кога зборува за тоа како ја основал "Virgin Atlantic"", вели Мачерас.

Со 14 години Алекс бил канета во разни радио-станици во Обединетото кралство, бидејќи ги забележале неговите анализи за авионската индустрија за која пишувал на Твитер.
На 16 години гостувал на телевизија како експерт, а кога завршил училиште се вработил како еден од најценетите авијатичарски експерти.

Денес работи со произведувачи и конструктори на авиони, за да ги процени нивните перформанси на сите нивоа. Секако, таквата работа носи многу погодности, но и мало богатство.

No comments

Powered by Blogger.