Дали Роналдо ќе замине од Реал за 180 милиони евра?

Португалецот Кристијано Роналдо ја обележа минатата сезона во која Реал ја освои титулата во Шпанија и го одбрани трофејот во Лигата на шампионите.



Роналдо многу пати досега истакнал дека кариерата сака да ја заврши во Реал и дека планира да игра до својата 40-та година.

Напаѓачот денеска им се приклучи на соиграчите на подготвките на репрезентацијата, кога медиумите во Португалија објавија дека Манчестер Јунајтед, ПСЖ и Монако биле подготвени да издвојат 180 милиони евра за да го реализираат неговиот трансфер.

„Ништо не е невозможно“, со насмевка на лицето им одговорил Роналдо на новинарите.

Договорот со Реал го врзува Кристијано Роналдо до 2021 година, а не е тајна дека за него се заинтересирани и неколку кинески тимови.

No comments

Powered by Blogger.