Конечно ослободен американскиот студент кој залута во Северна Кореја и беше осуден на 15 години затвор. Ослободен но во кома!

Пишува: Точка

САД ќе ги продолжи разговорите со Северна Кореја околу три други Американци кои се затворени во оваа држава.

Американскиот студент Ото Вармбир денес ја напушти Северна Кореја и нејзиниот затвор во кој беше затворен од март 2016-та година поради "кражба" на пропаганден постер од хотел во Пјонгјанг, што на судењето било окарактеризирано како "операција против Северна Кореја".

Студентот на Универзитетот во Вирџинија беше осуден на 15 години затвор, а американскиот државен секретар Рекс Тилерсон изјави дека Северна Кореја го ослободила момчето бидејќи Стејт Департмент го обезбедил неговото ослободување по директива на претседателот Доналд Трамп.



Момчето моментално е во кома, а неговите родители Фред и Синди Вармбир за агенцијата Associated Press изјавиле дека нивниот син бил во кома уште од март, 2016-та година но тие за ова биле информирани дури вчера.

"Сакаме светот да знае колку брутално беше третиран нашиот син, тероризиран од страна на режимот во Северна Кореја", стои во нивната изјава.



Стејт Департмент денес рано ја објави веста за ослободувањето на Ото Вармбир, но не и за неговата здравствена состојба.

Инаку САД продолжува со преговорите со Северна Кореја за уште тројца притворени Американци.

Вармбир бил студент на Универзитетот во Вирџинија. Осуден е во март, 2016-та година во Северна Кореја на 15 години затвор бидејќи, како што призна низ солзи јавно на телевизија, се обидел да "украде/одлепи" пропаганден постер.

Отовото сослушување можете да го слушнете на видеото:

No comments

Powered by Blogger.