Тајни за среќен брак од 15 славни парови кои се успешни во тоа

Сите среќни семејства личат едни на други. Според тоа, следниве навики би требало да претставуваат универзален рецепт за семејна хармонија и благосостојба.
15-tajni-za-srekjen-brak-od-slavnite-parovi-001.jpg
Овие холивудски парови ги откриваат своите тајни за успех во нивниот приватен живот.

1. Барбра Страјсенд и Џејмс Бролин - 19 години во брак

Барбара и Џејмс се запознале кога и двајцата имале по 50 години. Барбара верува дека добрината и чесноста се основа за добар брак. Брачните другари треба меѓусебно да се препознаваат во сè.
15-tajni-za-srekjen-brak-od-poznatite-holivudski-parovi-02

2. Барак и Мишел Обама - 25 години во брак

Зад секој голем човек стои неговата сопруга. Можеби овој пар е најдобра илустрација за оваа изјава. Мишел е сигурна дека бракот е секојдневна работа, ги охрабрува сите парови повеќе да се смеат и никогаш да не го завршуваат денот скарани.
15-tajni-za-srekjen-brak-od-poznatite-holivudski-parovi-03

3. Жизел Бундшен и Том Брејди - 8 години во брак

Класичен спој: светски познат модел и успешен спортист. Парот има две деца и се разбира, со текот на годините мораа да надминат одредени потешкотии. Но, според Жизел, клучната работа во бракот е да се поддржи партнерот.
15-tajni-za-srekjen-brak-od-poznatite-holivudski-parovi-04

4. Крис Прат и Ана Фарис - 8 години во брак

Тие имаат 4-годишен син, но и покрај целото внимание кое му го посветуваат, сепак сметаат дека одржувањето на нивната врска е исто така од исклучителна важност. Крис воопшто не се воздржува да се пофали дека неговата сопруга е прекрасна.
15-tajni-za-srekjen-brak-od-poznatite-holivudski-parovi-05

5. Мерил Стрип и Дон Гамер - 39 години во брак

Во 1978-ма година, сопругот на Мерил Стрип, актерот Џон Казал почина од рак. Во тој период од животот, скулпторот Дон Гамер ѝ нуди утеха да се справи со загубата. 6 месеци подоцна стапуваат во брак. Клучна работа во бракот според Стрип, е да се ислуша партнерот и да се зборува отворено за сите проблеми.
15-tajni-za-srekjen-brak-od-poznatite-holivudski-parovi-06

6. Колин Фирт и Ливија Џуџоли - 20 години во брак

По две децении во брак, на прашањето која е тајната за успешен брак, актерот одговара: „Ние бракот го третираме како трка на долги патеки“.
15-tajni-za-srekjen-brak-od-poznatite-holivudski-parovi-07

7. Ченинг Тејтум и Џена Деван - 8 години во брак

Ѕвездите на филмот „Step Up“, се запознаваат при снимањето на филмот и оттогаш се сè уште заедно. Нивната тајна е во искреното изразување на чувствата.
15-tajni-za-srekjen-brak-od-poznatite-holivudski-parovi-08

8. Пирс Броснан и Кили Шејн Смит - 16 години во брак

Актерот смета дека доколку не ѝ посветува доволно внимание на својата сопруга, таа нема да биде толерантна и нема да го почитува. Според нив, тајната за добар брак е да го почитувате партнерот каков што е, а не да се обидувате да го промените.
15-tajni-za-srekjen-brak-od-poznatite-holivudski-parovi-09

9. Мет Дејмон и Лучиана Баросо - 12 години во брак

Сопругата на актерот не е ниту модел ниту актерка. Таа е обична девојка која работела како шанкерка. Тој е среќен што на неговата сопруга на прво место ѝ е семејството, а не кариерата. „Секогаш се потсетувам колку сум среќен со мојата сопруга - тоа е мојата тајна“.
15-tajni-za-srekjen-brak-od-poznatite-holivudski-parovi-10

10. Синди Крафорд и Ренди Гербер - 19 години во брак

Се запознале пред 30 години, кога Синди сè уште не била позната. По краткотрајната романса следело долго пријателство. Во меѓувреме, Синди била во брак со Ричард Гир, кој завршил со развод. Набрзо, Ренди сфаќа дека со Синди се создадени еден за друг. „Нашата врска започна со пријателство и мислам дека не постои подобра основа за успешен брак“.
15-tajni-za-srekjen-brak-od-poznatite-holivudski-parovi-11

11. Џон Траволта и Кели Престон - 26 години во брак

Кога Џон и Кели го загубија својот 16 годишен син во 2009-та, се чинеше дека е дојден крајот на нивниот брак. Но, парот успеа да се справи со загубата и да го одржи семејството.
15-tajni-za-srekjen-brak-od-poznatite-holivudski-parovi-12

12. Кевин Костнер и Кристин Баумгартнер - 13 години во брак

Актерот кој преживеа болен развод (има 3 деца од тој брак), смета дека неговите помали деца никогаш нема да го доживеат чувството нивните родители да бидат разделени, бидејќи тој силно верува во својата сопруга Кристина. Тој верува дека во бракот особено важно е простувањето, дури и кога сте сигурни дека сте во право.
15-tajni-za-srekjen-brak-od-poznatite-holivudski-parovi-13

13. Кејт Бланшет и Ендру Аптон - 20 години во брак

Една од тајните на нивниот успешен брак се заедничките интереси и погледи на животот кои ги имаат. Парот нема никакви меѓусебни тајни, па дури користат и заедничка електронска пошта.
15-tajni-za-srekjen-brak-od-poznatite-holivudski-parovi-14

14. Боно и Алисон Хјусон - 35 години во брак

Боно и Алисон се запознале уште како тинејџери во училиште. Младешката љубов се претворила во силно семејство. Пејачот смета дека семејните односи треба да бидат добро управувани, во што неговата сопруга е навистина успешна.
15-tajni-za-srekjen-brak-od-poznatite-holivudski-parovi-15

15. Никол Кидман и Кит Урбан - 11 години во брак

Никол Кидман го запозна австралискиот кантри пејач, уште пред да разграничи со својот претходен брак со Том Круз. Таа набрзо сфаќа дека остатокот од животот сака да го помине со Кит. „Ние едноставно се сакаме, тоа е нашата тајна“, вели Никол.
15-tajni-za-srekjen-brak-od-poznatite-holivudski-parovi-16

No comments

Powered by Blogger.