Тврдел дека има 146 години: Умрел најстариот маж на светот, а ова била тајната на неговиот живот

пишува: точка

Мажот од Индонезија, кој тврдел дека има 146 години, умрел во своето село во провинцијата Централна Јава.


Според неговите документи, Содимеџо, исто така познат како Мбах Гото, бил роден во 1870. година.

Меѓутоа, Индонезија почнала да ги регистрира родените во 1900. година, а и претходно имало многу грешки.



Сепак, службениците за BBC рекле дека неговите документи се валидни.

Дедо Гото на 12. април бил префрлен во болница кога здравствената состојба нагло му се влошила. Шест дена подоцна, барал да го пуштат од болница да се врати дома.



"Откако се врати од болница, јадеше само каша и многу малку внесуваше течности", рекол за BBC неговиот внук Сујанто.

"Тоа траеше само неколку дена, а потоа одбиваше да јаде и пие додека не умре", додал внукот.



Минатата година дедо Гото во разговор за BBC ја открил тајната на долговечноста.

Тогаш рекол дека "најважно е да се биде трпелив и окружен со луѓе кои те сакаат"
.


До крајот на животот останал страстен пушач. Надживеал пет сопруги, 10 браќа и сестри, и сите свои деца.

Во своето село бил локален херој познат по приказните за војните против Јапонија и холандските колонизатори.

No comments

Powered by Blogger.