14-годишната Ела е жртва на терористичкиот напад во Манчестер: "Тато, не можам да ги движам нозете. Има крв насекаде"

Пишува: Точка

Ела имала осум гелери во нозете и била цела со посекотини.

14-годишната Ела Мекговерн од Хаслингден, северно од Манчестер, била на концертот на Аријана Гранде кога се случил терористичкиот напад.

Останала без двете нозе. Ова е нејзината приказна и приказната на нејзините родители.

"Тато, не можам да ги движам нозете. Има крв насекаде", му кажала оваа девојка на својот татко Роки по нападот. Тогаш се исклучил телефонот.

Ела имала осум гелери во нозете и била цела со посекотини.



И помогнала една жена. Ја извлекла од "Арената на смртта", помогнала во нејзината хоспитализација и им се јавила на родителите.

"Ни сопругата, ни јас, не успеавме да ја добиеме Ела. Знаевме дека се случило нешто ужасно и страшно. Дојдовме во болницата, а лекарите ни кажаа дека со Ела завршиле во околу 5 часот наутро", вели таткото.



Кога се случила експлозијата, Ела била во предворјето и купувала маица од својата омилена пејачка Аријана Гранде. Од центарот на експлозијата била оддалечена на само 15 метри.

"Не можам да кажам дека немала среќа, ни дека имала", вели расплаканата мајка и додава дека ова нема да ги скрши.

No comments

Powered by Blogger.